Гневни писма на Плејбој читатели

За март 2016-та култниот Плејбој најави драстично и рискантно ребрендирање при што во печатеното издание девојките веќе нема да бидат голи. По тој тажен повод Њујоркер објавува реакции на читателите. Последнaта читателка доби дури и покана за работа во Плејбој.   

Читам во Њујорк Тајмс дека Плејбој губи три милиони долари годишно. Дали некогаш ви текнало дека ваш проблем се всушност подмолните реклами за алкохол, секс карикатурите кои го користат зборот „во" во двојна смисла, и водичите за шопинг кои претпоставуваат дека секој маж е скараџиски настроен моторџија кој е во потрага по федора-шешир направен по негова мерка? Голите жени се најненавредливиот дел од вашето списание
Алекс Јени, Венис Бич, Калифорнија

Пред некоја вечер, додека играв покер со друштвото, зборувавме за тоа дека Плејбој без голите женски е како бар без алкохол. Но од ваша сум, бидејќи се уште ќе објавувате полуголи девојки со стил, па тоа ќе биде повеќе како винарија. Сепак сум загрижен, бидејќи никој не сака винарии.
Мат Блум, Боземан, Монтана

Здраво Хју Хефнер. Навистина се надевам дека ќе го објавиш ова писмо. Долги години го читам Плејбој сосема отворено во воз и автобус, додека бркам залутани бомбончиња во ранецот. Загрижен сум дека кога еднаш луѓето ќе престанат да го гледаат Плејбој како списание со голотија, веќе нема да добивам места во предните редови.
Патрик Шер, Мајами, Флорида
Одговор од Плејбој: Ептен ни е драго дека си ни лојален читател; секогаш сме ги сметале луѓето како тебе за наши „клучни дечки". Мислиме дека ќе продолжиш да бидеш таков, само што тоа сега од тебе ќе направи кул урбан патник кој сака одлична содржина! Што се однесува до ситуацијата со седењето, мислиме дека ќе бидеш сосема ок.

Браво на целиот Плејбој тим за оваа историска одлука. Се прашувам да не сте пиеле Хорнитос во тој момент, бидејќи и јас сум направил голем број историски одлуки откако сум испил перфектно оладен и одговорно консумиран шот од оваа 100% текила - прашајте ја жена ми!
Хуан де Плубицидаде, Халиско, Мексико

На скоро иста возраст сум со Хеф и се сеќавам на деновите кога, доколку човек сакаше да види цицка, мораше да се жени и да отстранува многу комплициран прслук. Плејбој го смени тоа, па сега можам да гледам МИЛФ оргии на лаптопот што ми го купи внук ми! Како и да е, мислам дека е супер што Плејбој ги симнува фотографиите од голи жени од своите страници.
ПС Некои насоки за поставување веб-кам? Обама ми ја скрати пензијата.
Бил Де Блонд, Флагстаф, Аризона

Како активистка која само што се врати од протестот „Ослободи ја брадавицата", сметам дека ова е неверојатно #навредливо. Ги поттикнуваме сите јавни презентации на женските брадавици како начин на десексуализирање на женското торзо и зголемување на бројот на нашите следбеници на социјалните медиуми
Даниеле Греко, Филаделфија, Пенсилванија
Одговор: Целосно го поддржуваме вашето движење! Но дали сте го прочитале нашиот импресум? Вели „Забава за мажи". И она што во моментов ОВИЕ мажи мислат дека е забавно не пропаѓа како бизнис.

Тука горд машконист. Не можам да верувам дека сте се уплашиле од мажомрсците во либералните медиуми. Плејбој значеше нешто! Но кога владата ме мава по глава барајќи алиментација, секако не можам да си дозволам списание кое е само куп статии.
Бестрашен машконист - Амаријо, Тексас

Не сум сигурна дали барате сугестии, но еве една: што ако Плејбој прави инспиративни „пикторијали" за силни, интелигентни жени кои не се дефинирани од нивните тела, туку само СЛУЧАЈНО имаат добра градба?
Џулиен Вилијамс, Бруклин, Њујорк
Одговор: Дали сакаш да работиш за нас Џулиен? Не се зафркаваме. Испрати ни биографија на Playboy Enterprises, Inc. P.O. Box 62260, Tampa, FL 33662

4 ноември 2015 - 21:53