Не секој монструм е луд

Научна студија произведе нов термин кој објаснува како е можно луѓе да сторат ужасни злостори и масакри а притоа да не се ментално болни.

Истражувачите од медицински институт во Мизури го објаснија концептот на "екстремно преценети уверувања", скован по анализа на случајот на Андерс Брејвик, норвешкиот монструм кој во 2011 година уби 77 луѓе, повеќето од нив млади. Според нив, тој масакр се должи на напумпаните идеи на Брејвик дека има должност да ја спаси Европа од мултикултурализмот и да биде спасител на христијанството.

Водачот на истражувањето верува дека овој концепт ќе им олесни на форензичарите - психијатри соодветно да ги оценат мотивите за нечие криминално однесување.

Ваквите екстремни идеи најчесто ги споделуваат луѓе од слични културни или религиозни милјеа но екстремните ставови за прашања како што е миграцијата, aбортусот, религијата и политиката може да се шират и преку интернет или пак да ги дистрибуираат харизматични фигури.

Накратко, тоа што некој е сосема ментално здрав не значи дека неговите екстремни идеи за светов не можат да го инспирираат за бесмислени варварски злодела.