Дрско е да мислиш дека знаеш што мисли другиот

Во интервју по повод неговиот најнов роман, хрватскиот писател и еден од основачите на легендарното движење ФАК, Боривој Радаковиќ, допира една тема која насекаде ја гледаме и кај нас. Толку многу луѓе знаат што мислат другите што не им даваат ни да кажат. Бидејќи овие знаат

Јутарњи: Колку ја живееме стварноста а колку живееме во нашите глави? Понекогаш она што го живееме во нашите глави прави дека во стварноста - само живуркаме. Животот го зачинуваат или пак го трујат нашите интерпретации на она што сме го слушале, виделе... Како да се биде сигурен што е стварност а што фантазија? Како да не се излета од шиините?

Радаковиќ: Не го знам одговорот на ниедно од вашите прашања. Понекогаш ќе напишам цел текст, роман, само за да си објаснам себе си нешто, а сега не објаснив ништо, ниту себе си. Инаку, порано не пишував што јунаците мислат бидејќи и онака мислам дека е неможно да се знае што другите мислат. Дури ни ликовите. А во романот „Ќе одиме ли утре во кино?“, ете, 'влегов' во свеста на мојот јунак, следам што тој мисли, сознава, освестува, решава, планира, асоцира, перцепира. Па сепак, читам весници и портали и се ужаснувам со колкава дрскост настапуваат површни луѓе кога толкуваат туѓи зборови, умислувајќи се дека знаат што говорникот „стварно“ мисли.

Некако си мислам, што е попоримитивна една личност, колку повеќе е навлезена во некоја идеологија, религија, поглед на свет, толку повеќе е дрска во самоубеденоста дека знае што другите мислат. На тој другиот често не му се ни дава да каже или да се докаже туку го прекинуваат бидејќи знаат што ќе каже. A тоа нивно знаење е сао збирштина од гфрази и предрасуди. Писателот мака мачи како со тоа да излезе на крај, граѓанинот со застрашувачка леснотија го докинува потенцијалниот соговорник.

26 ноември 2018 - 12:30