Чисто лавабо долга љубов

Од сега како емпириски докажан факт стои дека миењето садови предизвикува повеќе проблеми во врска отколку која било работа што треба да се заврши по дома.

Советот за современи семејства, непрофитна организација која ја студира семејната динамика, објави извештај според кој решавањето на задачата со миење садови „има значително влијание на здравјето и долговечноста на врската.“

Во студијата се опфатени повеќе домашни задачи, како купување, перење алишта и чистење по дома, и заклучокот е дека „за жените е поважно да ја имаат споделено обврската за миење садови отколку која било друга задача по дома.“

„Жените на кои отпаѓа најголемиот дел од миењето садови по дома пријавиле поголем број на конфликти во врската, помалку задоволство од врската, па дури и полош секс, отколку жените чии партнери помагале,“ се наведува во резултатите од истражувањето.

Како што објаснува асистент професорот по семејни и потрошувачки истражувања на Универзитетот во Јута, Ден Карлсон, прво миењето садови знае да е одвратно (ако со време не си ги испразнил чиниите), второ, за разлика од која било друг домашна работа, како готвење или градинарство, за оваа не добиваш пофалби, „Што ќе ти кажат? Леле колку е светкав приборот за јадење?“

10 април 2018 - 13:50