Не се стегајте околу секс за една вечер

Не само што не е негативен како што му вадат муабети, туку може да го зголеми вашето задоволство од животот, самопочитта и да ја намали нервозата, од вас само се очекува стварно да сте заинтересирани за секс за еден вечер.

Истражувачите ја анализираат целата тема, и тоа по основа на "социосексуалност," лична карактеристика преку која се мери степенот на заинтересираност за секс без обврски.

Она што тие го откриваат е дека и кај луѓето кои се "социосексуално ограничени" (не им се сака) не се забележуваат никакви негативни ефекти од сексот за една вечер. Ама затоа кај луѓето со позитивен социосексуален статус, практикувањето на ваков вид на секс има цела серија на бенефити - од намалување на депресија и нервоза, до зголемена самодоверба и генерално задоволство од животот.

Сексуалната истражувачка Жана Врангалова објаснува дека нејзината студија не покажува дека овој вид на секс има повеќе бенефити отколку сексот во врска (за која и да е група), туку дека има позитивни страни за луѓето кои навистина се отворени кон него.

Тие во истражувањето прават и профил на типот на луѓе кои повеќе се заинтересирани за секс без обврски. Фотороботот е: машко, екстроверт, во постојана потрага по сензација, импулсивен, избегнува приврзување, помалку е внесен во романтична врска и поверојатно дека има направено прељуба додека имал партнер.

"Меѓу мажите исто така е карактеристично тие да се физички јаки, и посебно меѓу машките од колеџ, кои се повеќе шовинисти, манипулативни, нарцисоидни и се наметнуваат. Тие исто така имаат тенденција да бидат неконвенционални, атрактивни и политички либерални," објаснува Врангалова.

Во студијата се нагласува дека сексот за една вечер е далеку покомплексен и со повеќе текстура отколку што претходно се мислеше, и дека неговиот генерален исход најмногу зависи од луѓето кои го практикуваат и каков став имаат кон него.

21 јуни 2014 - 16:46