Идентични близнаци, идентична алиментација

Бидејќи двјца идентични браќа од Бразил не сакаат да кажат, или пак не знаат кој е таткото, а тоа не може да се докаже ни со ДНК тест, судија решил и двајцата да одвојуваат од плата за растење на бебето.

Фабрицио и Фернандо цел живот си ги позајмувале имињата и ја користеле физичката идентичност за да легнат со што повеќе жени, да се вадат од неверства и слични ситуации.

Но, една жена забременува од некој од нив и раѓа дете. Никој од нив не го прифаќа татковството и тврди дека е другиот а и ДНК тестот се покажал немоќен бидејќи браќата се генетски идентични.

За да не помислат дека уште еднаш некого надитриле, овојпат системот, судија во Бразил решава и двајцата да плаќаат алиментација, по 30% од најниската плата во земјата.

Мајката не е сигурна кој од нив е таткото на нејзиното дете, ама некако мисли дека е Фернандо.

5 април 2019 - 19:26