Затворена кокошка пасиште сонува

За оние што бараат влакно во јајцето веројатно не е неважно дали јајцето е органско или фри-рејнџ.

Без разлика кој тип јајца ќе изберете, тие секогаш се драгоцен извор на протеини и на пар други елементи кои се добри за работата на мозокот и очите. Не постои никаква нутриционистичка разлика меѓу жолти, кафеави и бели и јајца и можете секојдневно да ги јадете (1-2, а не 5-6) без да се секирате за холестеролот.

Некои од популарните типови имаат официјални дефиниции а некои се повеќе описни отколку стриктни категории. Time го понуди следниов основен водич низ етикетите:

Омега 3 јајца. Ако регуларното јајце содржи 30mg од добрите Omega-3, "збогатеното" знае да има и до 350 mg. Како се постигнува тоа? Како и секогаш, преку исхраната; ваквите кокошки биваат хранети главно со ленено семе.

Вегетаријански јајца: Повторно се мисли на исхраната која не смее да содржи протеини од животинско потекло и главно се состои од пченка и соја. Слободните кокошки не спаѓаат во оваа категорија бидејќи се хранат со она што го наоѓаат надвор а тоа често знааат да бидат инсекти.

Органски јајца: Режимот на исхрана на овие кокошки не смее да содржи никакви пестициди ниту пак фертилизатори. Американскиот департмент за земјоделство е строг во однос на означувањето на органските јајца и бара задолжително поседување сертификат за сите производители кои прават повеќе од 5.000 долари годишно. 

Cage-Free: Кокошките живеат во затворени простори но не во кафези и имаат неограничен допир со храна и  вода. Бидејќи американските федерални услови не се регулирани, можат да бидат набиени како во автобус. Организацијата на производители издава доброволен сертификат барајќи да биде обезбеден простор од 30-тина сантиметри за секоја кокошка.

Free-Range: Овие кокошки имаат засолниште но можат слободно да излегуваат надвор (најслично решение со македонските селски кокошки). Имаат нешто повисоки нивоа на омега 3 благодарејќи на црвите и инсектите со кои се хранат надвор. "Ваквите разлики немаат никакво влијание на луѓето", наведува една студија од Универзитетот во Северна Каролина.

Калифорниски комфор: Ги нема тука но интересно е како е дефиниран минималниот простор за одгледување: Секоја кокошка мора да има доволно простор да легне, да стане, да се заврти и да ги рашири крилјата без да пипне друга кокошка.

Јајца од "пасени кокошки": Не постои дефиниција но оваа етикета служи за да се долови огромниот простор во кој живеат и се хранат кокошките кој е стотина пати поголем од оној кој го имаат free range кокошките. Нутриционистички сепак не се докажани никакви посебни предности во однос на јајцата добиени на фарма.

18 јануари 2015 - 21:43