Пилето ми р'жи рано насабајле

Ние исти, свињите (некогаш има разлика) исти, говедата горе-долу исти. Во последниве 70-тина години, само кокошките рапидно се имаат зголемено за неколку броја.

На сликата се три сорти на кокошки од соодветните години. Научниците од Универзитетот Алберта, Канада, идентично ги одгледуваат сите три, мерејќи колку јадат и колку растат. Ваквата изолација им дозволува да видат колку влијание има генетиката, без влијанието од фактори како грана или антибиотици.

Го заклучуваат следното:
1. Кокошките денес е поголеми отколку оние во 50-те: Ова е крајно очигледно. Сортата од 2005-та, во просек била 4 пати потешка отколку онаа во 1957-ма, и покрај тоа што добивале иста храна (квалитет и количина).

2. Кокошките денес се поефикасни во претворање на храната во месо: Конкретно успехот е во претворање на храната во гради (а.к.а. стек). За да го мерат ова, истражувачите имаат нешто што се нарекува 'стапка на конверзија на гради' која мери колку грама храна се претвора во колку грама гради. Сортата од 2005-та е три пати поефикасна од ова отколку таа од 50-те.

3. Модерните кокошки имаат дополнителен проблем со здравје: Претходни истражувања открија да модерните сорти имаат поголеми проблеми со коските, срцето и имунитетниот систем. Ова најверојатно доаѓа од неколку фактори, вклучувај ненамерни генетски ефекти и разлики во однесување како последица на исхраната и справување со дополнителната килажа.

4. Растот го направи пилешкото една од најпопуларните храни: Во изминатите неколку децении, пилешкото стана многу поевтина храна. Цената на пилешкото во периодот од 1960та до 2004-та расте со околу половина стапка во споредба со останатите потрошувачки стоки. Во 2013-та Американците консумирале над 37 килограми пилешко по човек.

Инаку, се до 50-те години, кокошките се користат чисто заради јајцата, додека месото е само нуспроизвод. Ова се менува во следните години.

4 октомври 2014 - 14:20