Макарони и сирење, без брзање

Костко, еден од најголемите ланци на супермаркети во САД, почна да продава синдикална доза макарони со сирење чиј рок на траење е 20 години.

За 90 долари во Костко може да се купи канта макарони и сирење. Тешка е нешто над 12 килограми и содржи 180 порции што прави цената на единечна поција марони и сирење да изнесува само околу 50 центи.

Кантата е ставена во редот на производи за вонредни ситуации поради својот рок на траење: содржината може да се конзумира во следните 20 години.

Легендата вели дека ако изедеш две канти, после смртта ќе бидеш балсамиран ко Ленин.

12 јануари 2019 - 09:22