Франција нема да џвака бело

Франција забранува еден од често употребуваните адитиви во исхраната и козметиката. Шифрата му е Е171. 

Од следната година во Франција ќе биде забрането да се користи контроверзниот титаниум диоксид, адитив кој се употребува за белење на мастики, бели чоколада, сосови во прав и слично.

Одлуката е донесена по едно испитување од 2017 година кога се утврдило дека не постојат гаранции за безбедноста на овој адитив, осомничен за канцерогени влијанија кај животни, кај кои успевал да го минува ѕидовите на цревата и да навлегува во белите дробови.

Животните третирани со овој обелувач имале за 40% повеќе пред-канцерогени деформации на ткивата. Тој и генерално ги оштетува цревата дозволувајќи им на лошите бактерии да навлегуваат во дигестивниот систем кој потоа има потешкотии со апсорпција на хранливите материи.

Освен во мастики, E171 често се користи во слатки и бели преливи, како и во пасти за заби и лосиони за сончање.

21 април 2019 - 20:51