Како од Фејсбук и Гугл да украдеш 122 милиони долари а да не те фатат?

За она второто, одма да признаеме, не знаеме. За првото дознавме од случајот со еден Литванец. Праќај им сметки (за било што) и тие си плаќаат.

Евалдас Римасаускас ја признал вината за неколку финасиски кривични дела со кои од Фејсбук дрпнал 99 а од Гугл 23 милиони долари.

Шемата му била прилично дрска. Регистрирал литванска фиорма со исто име како азискиот производител на компјутерски хардвер Кванта Компјутери па на компаниите- жртви им праќал профактури за производи и услуги кои ниту ги побарале ниту ги добиле. Ама овие некако сето тоа сепак уредно си го плаќале. Фино ја проучил шемата за набавки па профактурите ги праќал проследени со лажни меморандуми, меил преписки и договори потпишани од надлежните во тие служби.

123 милиони долари подоцна, го фаќаат. Ја признава вината, се согласува да врати 50 милиони долари но со остатокот од 73 милиони засега никој точно не знае што ќе се случи бидејќи Римасаускас истовремено бил многу вешт и во перење пари за што му послужиле локации и сметки во Кипар, Литванија, Унгарија, Словачка и Латвија.

Единствен баг во неговата приказна е зашто за делата со кои се товари е предвидена затворска казна до 30 години.

25 март 2019 - 13:56