Фотографот и неговата жена што засадија 2 милиони дрвја

Приказната за легендарниот бразилски фотограф Себастијао Салгадо и неговата сопруга Леила потсетуваат на онаа мудрост од кинеската поговорка: „Најдобро време да засадиш дрво било пред 20 години. Второто најдобро време е денес“.

Според податоците на ОН, од 1990 година до денес се уништени 129 милиони хектари шума, површина еквивалентна на површината на Јужна Африка. А секоја година во неповрат оди уште по една површина колку Панама. 15% од глобалните емисии на штетни гасови се должат на уништувањето на шумите.

Ваквите глобални податоци се толку фрапантни што човек може да се чувствува мал и беспомошен да стори нешто околу тоа. Но фотографот и сопругата успеваат да докажат дека и мала група ентузијасти можат да направат многу.

Нивната 20 годишна посветеност на ова прашање резултира со ова:

Салгадо е вистинска легенда на фотографијата и нема битна награда која ја нема освоено. Во 90-тите, комплетно физички и емотивно исцрпен по документирањето на варварствата од геноцидот во Руанда, се враќа во родниот крај во Бразил за да види дека и природата таму не во подобра кондиција.

„Земјата беше болна исто како и јас - сè беше уништено. На само 0.5% од земјата имаше дрвја и жена му дојде до идеја сè повторно да насадиме“, вели Салгадо објаснувајќи дека внимавале да користат само локални материјали бидејќи во спротивно, живиот свет не би се вратил.

Како резултат на нивното пошумување, природата започнала со реконструкција на својот еко систем па во областа се вратиле 172 видови птици, 33 видови цицачи, повторно никнале 293 различни растенија, се вратиле 15 видови рептили и 15 различни амфибии.

17 мај 2019 - 10:06