Со лажица против несаканиот брак

Владата своевремено упорно нè просветлуваше дека можеме да бидеме генијалци како оној што во жицата видел спојувалка (аха, Тесла видел билборд па решил да размислува генијално), но ова е стварно проста идеја а може да ги смени животите на илјадници несреќни девојки.

Карма Нирвана е британска организација која работи на спречување на принудните бракови договорени од семејствата. 

Најновиот совет до своите потенцијални штитенички им е да скријат обична метална лажица. Зошто? За да го алармираат аеродромскиот детектор за метал и на тој начин во последен момент да бидат спасени од качување на авионот кој ги носи во нивниот нов и непознат живот.

Британската Влада минатата недела ги предупреди аеродромските работници, лекарите и учителите дека летниот период е најопасен за девојките кои со сила се носат за мажачка во земји како Пакистан или Бангладеш. Секоја година, одделот за принудни бракови на британското министерство за надворешни работни најмногу поплаки добива во периодот јуни- август, кога се користат одморите за да не се забележи изчезнувањето на девојките.

Се проценува дека меѓу 1.500 и 5.000 девојки од Британија секоја година се принудени да се омажат во земјата на потеклото.

Една третина од нив се помали од 16 години. За овие најмладите, трикот со скриената лажица веројатно нема да успее бидејќи не се доволно возрасни за да се најдат на само со царинските слулжби туку во тие случаи, со нив доаѓа и возрасната придружба која учествува во ваквото киднапирање свои деца.

Лажицата и онака може само привремено да им помогне на оние најрешителните. Се работи за многу посериозен културолошки проблем во кој голем удел има и емотивната уцена; добар дел од девојките решаваат да молчат и да ги послушаат родителите кои им договориле брак со некој ајван од пакистанска вукојебина кој од секс има видено коза, само за "мама и тато да не завршат во затвор".

17 август 2013 - 14:20