Не, не може кучиња да ви се девери

Италијанска градоначалничка признава дека миленичињата знаат да им бидат битни пријатели на луѓето ама кога добила барање два булмастифа да ги носат венчалните прстени, пресекла: Претеравте. 

Градоначалничката на Понтироло Ново во северна Италија забранила кучиња да бидат дел од венчалната церемонија во нејзиниот град, како гости кои на младенците ќе им ги донесат прстените.

„Бракот е важна и сериозна работа“ потсетила градоначалничката а вљубената двојка со скршени срца сега бараат алтернативно, дог-френдли место за обавување на церемонијата со посакуваниот кастинг.

Ваквата нивна замисла не е многу за чудење со оглед на тоа што 92% Италијанци кои имаат миленичиња, нив ги сметаат за дел од семејството а еден од четворица им дозволуваат да спијат во нивниот кревет. 

Своевремено се дигна доста врева кога еден свештеник побара од верник да го извади кучето надвор за време на богослужбата. Се дигнаа да протестираат борци за заштита на правата на животните (секое куче има уставно право да се причести?) ама малку се прерачунаа па може да завршат и во затвор бидејќи во Италија е строго забрането да се прекинуваат верски церемонии. 

****

Види и:

Не, кучињата не ви се деца

16 јули 2017 - 22:39