Кинески бунт против набиени цени на невести

Затоа што се претерало со нерегулираните цени на невести во Кина, локалните власти на повеќе села решаваат да ограничат колку најмногу пари може да се понудат или побараат за невеста.

Инспирација за ваквиот потег е што цената достигнала  38.000 долари, што е пет пат повеќе од годишната плата во некои од селата. По ново, лимитот е ставен на максимум 2.900 долари.

Сè што ќе биде понудено над ова може да се смета за обид за трговија со луѓе.

И овој проблем потекнува од кинеската политика на едно дете, заради која добар дел од родителите одејќи на машко решава да абортира доколку се покаже дека плодот е женско. Заради ова моментално во Кина има 30 милиони мажи повеќе од жени.

Освен ваквиот дисбаланс, проблем е и што заради економската експанзија се повеќе девојки си заминуваат од селата барајќи работа во градовите и најчесто не се враќаат назад.

Еден од проблемите со новите тарифи е што тие обично предизвикуваат поделби во заедниците во кои се воведени, бидејќи тие се добредојдени од половината што има синови, а се критикувани од семејствата со ќерки.

Вашингтон пост разговара со човек кој има ќерка и порачува дека кога ќе ја мажи неа ќе побара каква цена што ќе посака. И ова не му е од некоја себична цел туку затоа што парите сака да ги даде на семејството на ќерка му кога таа ќе добие деца.

Ваквиот родителски нагон тој го објаснува со: „тоа е пазар, дозволено ми е на пазар колку можам да наплаќам за моите круши. Зошто не и за ќерка ми?“

17 октомври 2018 - 15:31