Фајрфокс сенд, сервис за големи фајлови што не сакаш многу да се шират

Сервис на Мозила што ти дава да аплодираш фајлови до 1 гига кај нив на сервери, по пат да ги енкриптира и да ти даде линк до тоа што си аплоудирал. Паранојата околу безбедноста и таинственоста на фајлот, освен со енкрипција, се смирува и со тоа што тој може да биде симнат само еднаш, а по симнувањето или максимум 24 часа по аплоудирањето, секоја трага од него автоматски се брише од серверите на Мозила.

Освен што не ти фаќа место на твој хард или клауд сервис, добро е и што не мора да го мислиш фајлот дали си го избришал и слично.

Пробај тука

3 август 2017 - 18:40