За недај боже

Едно (урбано) прашање кое ретко кој не си го поставил: Доколку се најдам во лифт кој се откачил и почнал слободно да паѓа, која позиција најмногу ми ги зголемува шансите за преживување? Одговара професор од МИТ.

"Најдобро е да легнете на под, најрамно што можете", порачува Елиот Френк, истражувач од областа на Биомедицинско инжинерство во МИТ (ова претпоставува да сте сами во лифтот за да нема кавга кој прв и каде ќе легне).

На тој начин силата на ударот рамномерно ќе се распореди на најголма можна површина на вашето тело и ниден дел од телото нема да мора да носи товар на друг дел.

'Луѓето веруваат дека би можеле да ги стиснат нозете и да се закочат во стоечка позоција, но тоа не е паметно решение. Колената никако не би можеле да ја издржат тежината на остатокот од телото, тежина неколкукратно зголемена заради забрзувањето. Дури и главата би била претешка за вратот да ја издржи,' објаснува Френк.

"MythBusters" ја истражуваа опрваданоста на теоријата по која можеш да се спасиш ако во моментот на ударот скокнеш во лифтот. За тоа постојат два речиси невозможни услови: да го погодиш вистинскиот момент кога лифтот ќе тресне на земја и да скокнеш со иста брзина со која тој паднал.

20 март 2012 - 13:12