Вака се дава отказ!

На 5-ти декември 1921 година, идниот Нобеловец и добитник на Пулицеровата награда, Вилијам Фокнер, добива работа на Мисисипи Универзитетот. Иако доаѓал најдоцна а си одел најрано од сите, иако ги игнорирал колегите, ги фрлал добиените писма, пишувал раскази и играл бриџ во работно време, некако успева да остане таму цели три години. На крај, решава дека му е доста такво малтретирање.

Еве што му пишал на својот претпоставен:

Сè додека живеам во капиталистички систем, очекувам врз мојот живот да имаат влијание барањата на богатите. Но нека бидам проклет ако треба да висам на закачалка за секоја битанга која има два цента да  вложи во поштенска марка.

Ова, господине, е мојата оставка.

Вилијам Фокнер

Совети од Фокнер додека предавал на Мисисипи, за оние студенти кои сакаат да пишуваат или оние што сакаат да живеат:

  •  Читај, читај, читај. Читај се што  ќе ти падне под рака - ѓубре, класици, добро и лошо, гледај како го прават тие тоа. Како чирак кој учи занает кај мајсторот. Читај. Апсорбирај го тоа па пишувај. Ако е добро, ќе знаеш, ако не чини - фрлај!
  • Никогаш не се плаши. Никогаш да не ти е страв да го дигнеш гласот за чесноста и вистината и сочувството против лажењето и лакомоста. Ако вие, не само вие во оваа училница туку и илјадници други во други училници го правите тоа и денес и утре и следната недела, не како групи туку како индивидуалци, вие ќе ја смените Земјата.
  • Секогаш сонувај и нишани повисоко отколку што мислиш дека можеш. Не губи време да бидеш подобар од претходниците или наследниците. Пробај да бидеш подобар од себе.
26 септември 2012 - 09:02