Секој со својот сон

"Толку сум добар во спиење што можам тоа да го правам со затворени очи". Ама, не сите. Пoзнати луѓе и нивните ритали и навики за спиење:

Стивен Кинг

Задолжително мие раце пред спиење и  перницата мора да има прецизна ориентација: отворениот дел свртен кон другиот крај на креветот. Не знае зошто.

Мараја Кери

Тврди дека за да пее како што пее, потребни ѝ се минимум 15 часови сон на ден. А спие со 20 овлажнувачи на воздухот околу себе. "Како во сауна," вели таа.

Винстон Черчил

Имал многу нередовен сон. Единствена константа му била дремката и тоа позамашна - 2 часа на ден. Некогаш свикувал состаноци на воениот штаб во купатило.

Том Круз

Уште во времето на бракот со Кејти Холмс се знае дека преферира да спие во тн снорариум, на нашки - хрчалница. Звучно изолирана соба која сè повеќе станува хит во Холивуд.

Да Винчи

Спиел на рати. 8 часовното спиење го заменувал со 6 дремки. На секои неколку часа по 20 минути. Тој модел денес се вика кругот на Уберман.

Еминем

Не му се доволни завеси на прозорите па ги обложува со алуминиумска фолија. Заспива со звук на "шуштење снег" (од плеер или тв) 

Чарлс Дикенс

Задолжително спиел свртен кон север, уверен дека тоа му ја подобрува креативноста. Луѓето кои страдаат од несоница често имаат слични необјасниви ритуали.

Мариса Меер

Првата жена на Јаху работи со убиствено темпо кое некогаш достигнува 130 работни часа неделно. Надокнадува на 4 месеци кога зема еднонеделен одмор.

Емили Бронте

Вртела кругови околу трпезариската маса додека ѝ се приспие.

Мајкл Фелпс

Спие во специјална комора во која воздухот е како оној на 2,7 километри надморска височина.

Никола Тесла

Веројатно најпознатиот неспијач на светот. Му биле доволни 2 часа дневно. "Не постои поголема возбуда од онаа кога креаторот отплеткува некој свој изум во главата. Возбуда која те тера да заборавиш на сон, на љубов, на храна, на пријатели, на сè". 

25 ноември 2013 - 16:33