Поучна басна на денот

Слушнале животните во шумата дека мечката има список за убивање.

Прв доаѓа еленот и го прашува Медо:
- Медо, стварно ли имаш таква листа?
Медо: - Имам.
Еленот: - И јас сум на неа?
Медо: - Да!
Утредента го наоѓаат еленот мртов.

По него, волкот собрал храброст, оди кај Медо и го прашува:
- Медо имаш ли листа за убивање?
Медо:
- Имам.
Волкот:
- Мене ме има на неа?
Медо:
- Да!
Утредента го наоѓаат волкот мртов.

Оди зајакот кај Медо и го прашува:
- Медо, стварно си направил список за убивање?
Медо:
- Да.
Зајакот:
- А јас таму сум?
Медо:
- Да!
Зајакот:
- А може да ме избришеш од неа?
Медо:
- Може, нема проблем.

 

Поука: Комуникацијата е клуч на успехот.

 

8 октомври 2018 - 12:53