Постигнат компромис околу имињата на училиштата

Проблемот со преименувањата на четирите основни училишта во скопската општина Чаир повторно ги разбранува духовите во владината коалиција. Во период кога и слупчајот Слупчане сè уште ја тресе коалицијата на власт, се чини дека овој проблем се закани да биде капка која ќе ја прелее чашата.

Имено, четири училишта во скопската општина Чаир во петокот осамнаа со нови табли со албански имиња. Станува збор за основните училишта „Рајко Жинзифов", „Цветан Димов", „Јане Сандански" и „Никола Вапцаров" кои беа заменети со „Исмаил Ќемали", „Хасан Приштина" „Јашар-бег" и „Имри Елези". Одговорните во општината на медиумите им изјавија дека ја преземаат одговорноста за оваа одлука. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, молчеше за случајот, а министерот за образование и наука Панче Kралев изјави дека оваа одлука е незаконска.

Веднаш по ова високи претставници од двете партии, со посредништво на неколку високи фигури од странските амбасади, седнаа за иста маса и под силен притисок и на меѓународниот фактор, но и на опасноста да се загуби власта, почнаа преговори со цел изнаоѓање компромис. Од извори блиски до партиите дознаваме дека преговорите биле тешки и жолчни, но соочени со опасностите од целосен распад на коалицијата и со силно поттурнување од странскиот фактор, кој инсистирал на рационално компромисно решение, постигнат е договор кој ќе ги задоволи двете страни.

Портпаролите на двете партии во заедничка изјава за медиумите изјавија:

„По една година од актуелизирањето на ова прашање со задоволство можеме да ја информираме јавноста и граѓаните дека низ дијалог и разумен приод кон несогласувањата, успеавме да изнајдеме разумен компромис кој ќе ги задоволи двете инволвирани страни. Имено се согласивме четирите училишта, во духот на меѓуетничката соработка, разбирање, како и во духот на рамковниот договор, од оваа школска година да се викаат „Рајко Ќемаили", „Цветан Приштина", „Јане Бег" и „Никола Елези". Изработката на новите табли за овие училишта ќе биде завршена во најкус можен рок".

Претставниците од двете партии не сакаа да одговараат на новинарските прашања и најавија повторна средба со медиумите следната недела на почетокот од учебната година.

* ЕКСКЛУЗИВНО за на интернет: Sead93

31 август 2012 - 15:57