Послушајте гејмери

Пред една деценија го играв Каунтер страјк. Секоја игра или победуваш или губиш; не добиваш бодови за искуство, или награди. Мислам дека треба да се запрашаме себе си зошто играме игра.

Веројатно ми е криво што работите толку се променија и денес игрите мора константно да наградуваат со нешто за гејмерската заедница да им биде задоволна. Јас играв стотици, можеби и илјадници часови Каунтер страјк 1.6 и немав ништо повеќе од кој било играч што прв пат седнува да ја игра, освен знаење и вештина. Наградата беше убиство или победа.

Мислам дека забораваме како беше и дека нашата зависност од светликави награди го уништува нашето вистинско уживање во добро направена игра. Застанете за момент кога ќе видите батлпас или кога нема да има Апекс пакс по ниво 100 и запрашајте се колку навистина ви е грижа што има во нив и зошто воопшто ја играте играта.

olioli86 (за Апекс леџендс)

19 април 2019 - 13:06