Парадоксот на нашето време

Овие се времиња на брза храна и споро варење,

големи луѓе и слаби карактери, длабок профит и плитки односи.

Парадоксот на нашето време

Имаме повисоки згради и пошироки улици,
но затворен карактер и ограничено мислење.

Трошиме повеќе, но имаме помалку,
купуваме повеќе, но уживаме помалку.

Имаме поголеми куќи, но помали фамилии,
повеќе удобности, но помалку време.

Се здобиваме со повеќе дипломи, но имаме помалку разум,
повеќе знаеме, но помалку размислуваме,
имаме повеќе експерти,но сепак повеќе проблеми,
повеќе лекови, но помалку здравје.

Пиеме премногу, пушиме премногу,
трошиме неодговорно, премалку се смееме,
пребрзо возиме, премногу се лутиме,
седиме до доцна во ноќта, а стануваме уморни наутро,
премалку читаме, премногу гледаме телевизија,
и многу ретко се молиме.

Ги зголемивме нашите богатства,
но ги намаливме нашите вредности.

Зборуваме многу, љубиме малку,
а мразиме премногу често.

Научивме како да преживееме, но не и да живееме.

Му дадовме години на животот, но не и живот на годините.

Се качивме на месечината и се вративме назад,
но имаме проблем да ја преминеме улицата и
од спротива да ги запознаеме нашите соседи.

Го освоивме надворешниот свет, но не и внатрешниот.

Направивме поголеми работи, но не и подобри.

Го прочистивме воздухот, но ја загадивме душата.

Го совладавме атомот, но не и своите предрасуди.

Пишуваме повеќе, но учиме помалку.

Планираме повеќе, но постигнуваме помалку.

Научивме да брзаме, но не и да чекаме.

Создадовме повеќе компјутери за да содржат повеќе информации,
да произведуваат повеќе копии од вообичаеното,
но ние комуницираме се помалку.

Овие се времиња на брза храна и споро варење,
големи луѓе и слаби карактери, длабок профит и плитки односи.

Овие се денови кога дома две плати се делат, а разводите се множат.

Овие се денови на убави куќи,
но и време на повеќе уништени домови.

Овие се денови на брзи патувања, отфрлена моралност,
угоеност, еднодневи претстави.

Ова е време кога има многу на излозите,а малку во магацините.

Време кога технологијата може да ви го донесе ова писмо,
и време кога можете да одберете дали
ќе го поделите со некој или само ќе го избришете.

Џорџ Карлин

26 март 2012 - 09:08