Веб класици:

Келнерски мистерии

Тројца мажи одат на ручек во ресторан. Секој од нив тројца го нарачува истото јадење, кое чини по 10 евра од човек. Кога завршиле, го викаат келнерот да му платат и секој му дава по 10 евра.

Келнерот оди кај шефот и му ги дава парите. Шефот го гледа и му вели "си згрешил, кога тројца јадат исто јадење, тоа вкупно ќе ги чини само 25 евра." Шефот му враќа 5 евра на келнерот, за да оди и да им ги даде на гостите.

Бидејќи не знае како да подели пет евра меѓу тројца гости, тој смислува план. Задржува две евра, и на секој од тројцата му враќа по едно.

Колку платил секој гостин?

10 евра платени
1 евро кусур
= 9 евра по човек

3 гости х 9 евра = 27 евра
+ 2 евра што келнерот ги стави во џеб
= 29 евра

Кај отиде тоа едното евро?!

3 март 2017 - 11:33