веб класици

Како Америка ќе останеше "неоткриена"

Единствена причина зошто Кристофер Колумбо можел да ја открие Америка е дека... не бил женет. Да бил оженет, Колумбо ќе требало да се справи со нешто од следново:

- А зошто мора баш ти да одиш?

- А што не пратат некој друг? Што си ти?

- Тебе се ти е тркалезно. Дали си ти глуп или луд?

- Уште моите не ги знаеш а ти би да откриеш нов свет!

- Што криеш? Како тоа не ни знаеш каде одиш!

- А што, на бродот само машки ќе бидете?

- А зошто не можам и јас да дојдам ако си ти шеф таму? Мене никогаш не ме земаш на патувања!

- Не знаеш веќе што да измислиш, само дома да не си!

- Ако излезеш од врата, јас си одам кај мајка ми!

- А која е таа Марија? Што сака она? Млада, а?

- Сè си испланирал! Сигурно си веќе договорен со тие курвите индијски.

- Не можеш бе мене да ме излажеш!

- Што, као Кралицата ќе го продаде својот накит за ти да можеш да патуваш? Што мислиш јас глупава сум?

- Ништо нема да се случи ако светот и понатаму е рамен.

- Немој да се облекуваш, затоа што ти НЕ ОДИШ!!!

22 ноември 2014 - 13:55