Дејвид Линч велит

За неговата чудна приврзаност кон завесите, привлечноста на длабочините и неговиот единствен „сладок грев" - мафините. Вака кога му ги читаш изјавите, делува ко сосема нормален човек. Кој во животот фатил големи риби.

За инспирацијата

„Идеите се како риби. Ако сакате да уловите мала риба, може да останете во плиткото. Ако сакате да ја фатите големата, мора да одите подлабоко. Таму, во длабокото, рибите се помоќни и почисти. Тие се големи и апстрактни. И се многу убави".

За кафето

„Дури и лошо кафе е подобро од ич кафе"

За завесите

„Не знам зошто, ама многу ги сакам завесите. Има нешто неверојатно космички магично во врска со нив".

За медитацијата

„Трансцеденталната медитација е како автомобил, возило кое ти овозможува да влезеш внатре. Тоа е ментална техника."

За црната боја

„Црната има длабочина...можеш да влезеш во неа..И почнуваш да гледаш работи од кои се плашиш. Почнуваш да го гледаш она што го сакаш, и тоа станува како сон".

За гледањето филмови

„Не сум некој филмофил. За жал, немам време. Не одам во кино. И станувам многу нервозен кога сум таму, затоа што премногу се секирам за режисерот и после ми е тешко да ги сварам пуканките".

За неуспехот

„Тоа е толку ослободувачки, на убав начин, да имаш голем неуспех. Од таму нема каде да одиш на друго место освен нагоре".

За внатрешните светови

„Научив дека под површината има друг свет, и уште различни светови како што копаш подлабоко. Го знаев тоа и како дете, но не можев да пронајдам доказ. Повеќе беше некакво чувство. Има добрина во сините неба и во цвеќињата, но една друга сила - дива болка и распаѓање - е исто така постојан придружник на сè'".

За искуството

„Еден режисер не мора да страда за да прикаже страдање. Едноставно мораш да го разбереш. Не мора да умреш за да снимиш сцена со умирање".

За мафините

„Шеќерот ги прави луѓето среќни, но по неколку минути пак се тажни, затоа и го скинав од моето мени. Освен мафини. Нив ги сакам".

22 јануари 2014 - 11:55