20 оброци што Базфид вика дека се ефтини

Додека службите успеат да ја лоцираат и изведат "Софка за двајца" пред лицето на редакцијата, ние ќе забуричкаме по Базфид во потрагата по рецепти што треба периодов да ја покријат потребата од - што ново не сме јаделе.

Изборот на Базфид е многу на мексиканска кујна (иако за волја на вистината со состојки кои совршено лесно можат да се подмират и кај нас), ама меѓу целата мексиканштина може да се најдат и шпагети Aglio e Olio, или пица со домашно песто што според нив излегува 25-30 денари по парче, ќофтиња од зеленчук и нешто што изгледа како повеќе време да ќе треба да го објаснуваш отколку да го готвиш - ориз со јајце на око и авокадо.

Целиот список го имате тука

10 август 2017 - 14:52