Запознајте ја Творница

Што се случува кога ќе споите графички дизајнер, вајар и графички уметник, кои знаат што сакаат и како да го направат тоа? Резултатот е Творница – првата работилница од ваков тип во Македонија, во која занаетот е пречекан од уметноста, од што на крај излегуваат уметнички дела кои имаат и практична примена. Уште поконкретно, еден од резултатите е нешто што тие го нарекуваат модуларна столица - две дрвени рамки плус јаже. Моментално некој во Икеа плаче што ова не му паднало на памет.

"Името Творница го одразува концептот на оваа работилница – творба, како спој на производ со уметничко дело. Авторите-занаетчии кои ја сочинуваат Творница носат различни вештини и изрази, секој од полето на својата професија, што придонесува за оригиналноста на производите," објаснуваат од Творница.

Столицата и другите работи кои им текнале, од вторник до сабота, ќе ги најдете во нивната соба на Skopje Design Week 2013.

Во меѓувреме може да ги ѕирнете и на Фејсбук

 

30 септември 2013 - 13:51