На п’т далечни ја ќе се стегнам

Свети Августин викаше: "Светот е книга а тие што не патуваат, прочитале само една страница". Неколку прилично профани факти за останатите страници од книгата.

Во секој момент на небото над САД се возат најмалку 61.000 луѓе.

Италијанците просечно имаат 42 ден годишен одмор.

Една третина од сите аеродроми во светот се наоѓаат во САД.

Заради строгите муслимански закони, дури и туристите не смеат да поседуваат Библија во Малдиви.

Со додавање сол и бибер во јадењето ќе навредите поголем дел од швајцарските готвачи.

Ако ви е преку глава од луѓе - на Фокландските острови има повеќе овци отколку луѓе. 350 овци на еден локален жител.

Во Сан Франциско е забрането да храните гулаби на улица.

Лас Вегас има повеќе хотелски соби од кој било друг град во светот.

Саудиска Арабија е единствената држава во светот во која не постои река.

Во римската Фонтана Ди Треви дневно се фрлаат по околу 3.000 евра.

Најскапа хотелска соба на светот е Краласкиот Пентхаус во Вилсоновиот хотел во Женева - 65.000 долари за една ноќ.

Да седнеш на совозачкото седиште во такси е нормално само на Балканот и во Австралија.

16 февруари 2013 - 09:38