На лагата скапи и се наочарите

За подобра перспектива на работите треба да знаеш дека кога даваш 500 евра за скапи наочари, дека за истите пари на пример можеш да купиш камера ГоПро Хиро 7 Блек, и да ти останат 50 евра кусур, или часовник Гармин Феникс 5-ка. Очилата како и сите пред нив во историјата за тие пари имаат да ти понудат рамка и леќи, кај ГоПрото и Гарминот за тие пари добиваш софистицирана најмодерна технологија, составена од стотици делови. Некој лаже тука.

Ако ве пишманивме, тука Гопро, тука Гармин, или мобилен, или што и да е...

24 јуни 2019 - 12:42