Глупи сме од што се мислиме паметни

Одлично видео со еден стар пример од Витгенштајн, за тоа колку ни е ограничен умот и колку тој и интуицијата знаат да нè зезнат и на едноставни проблеми, а не па кога се работи за комплексни прашања од политиката, етиката и слични области. Муабетот е, не правете фетиш од своите ставови, ко да сте го фатиле Господ за јајца.

Малку ни е криво што видеово не го објавуваме во оние времиња на хистеричните шарени кои сега по Твитер ќе крекаа дека вакво видео е еклатантен пример за тоа како офф.нет релативизира или спинува. Како беа дирљиво заглупени, носталгија да го фати човек.

31 јули 2019 - 20:27