Фиаменго за светот на Блази Форд

Острата и секогаш незгодна Џенис Фиаменго (професорка од Отава, прокламирана анти-феминистка) ја распретува фамата околу новиот Кристина Блази Форд, жената која сведочеше против трамповиот предлог за врховен судија Брет (и тебе сам сит) Кавано. Вели, за да се разбере новата хероина на Хилари Клинтон, треба да се разбере културното милје од кое доаѓа и универзитетот на кој предава: елитниот Пало Алто (23.000 долари годишно), на чија скала на вредности, социјалната правда доаѓа пред квалитетниот научен труд.

Просечната цена на куќите во местото во кое живее Кристина Блази Форд изнесува 3,7 милиони долари. GoFund кампања неодамна собра 700.000 долари за нејзини трошоци за безбедност. Кристина Блази Форд влегува во историјата како жена која храбро сама се исправи пред трамповото преземање на Врховниот суд. Човек може само да ја замисли нејзината доживотна лична сатисфакција и елитното идолизирање кое ѝ следува. Затоа, да не се прашуваме веќе зошто ли таа мина низ сето тоа. И да ни текне дека уште многу како неа, готови или во развој, виреат по универзитетите во целата земја. Прашање е само дали презумцијата на невиност и владеењето на правото можат да ги преживеат сите нив.

Фиаменго Фајл, парчето кое за три дена го видоа скоро милион луѓе на Јутјуб 

 

10 октомври 2018 - 15:35