Легендарниот концерт на Џемс Браун

Џемс Браун одржува концерт во Бостон, неполни 24 часа по убиството на Мартин Лутер Кинг.

Бидејќи во земјата веќе почнуваат протести на црнците, градионачалникот планира да ги откаже сите најавени настани, вклучувајќи го и концертот на Браун. Но од страв дека тоа може да предизвика дополнително незадоволство, на крајот се решава концертот не само да се одржи туку и да се пренесува во живо. Бидејќи подобро е црнците да се држат дома покрај радио, отколку на улица. И така Џемс Браун го одржува еден од своите најдобри концерти во животот.

 

7 април 2017 - 14:30