Го знаете ли Едо Љубиќ?

Нормално дека не го знаете. Немаше ни ние да го знаеме ако не се познаваме со наши луѓе кои во Америка копаат по продавници за стари плочи.

Едо Љубиќ е Хрват, од околината на Травник. Во онаа најстара Југославија, меѓу двете војни, е бард од рангот на Цуне Гојковиќ; народно, шлагер, свинг севдах, сето тоа. Издавал плочи и по Европа ама паметен човек, киднал од овде таман на време, пред војната.

Се населува во Лос Анџелес, отвора ресторан, му тргнува, па од тие пари и таму издава плочи.

Освен неговиот глас, што е тука интересно? Што неговите српски, хрватски и босански песни, на американските плочи се наведени како "Yugoslavian". Ама затоа македонските песни кои ги пее фино си се наведени како "Macedonian". Пазете, во тоа време ние ни МПЦ ја немаме, а не па МПЦ да си ја имаше најдено мајката.

Толку за тоа. Да слушаме музика.

Негова најпозната и ебено најдобра ќе да е "Кад ми пишеш мила мати". Подоцна истата ја пеат и Цуне (и тоа мора да се чуе), Звонко Богдан, Раде Шербеџија....

Еве го Едо, пола век пред Тарантино.

Пушти ја мамо мори, Лилјана (снимено во Чикаго, 1941):

Билјана платно белеше

И ова за крај:

******

Ова со Едо, Цуне, Ипче, Синан и слични новооткриени љубови, тоа ви е исто ко со кантрито. Кога си млад ти е блам да го слушаш тоа ама после на стари години не ти се верува колку е добро. Не само заради Џони Кеш. Не се глупи оние од Ролинг Стоун кои од сите можни музички жанрови, решија баш за кантри да извадат посебно издание.

А радосно ја оставаме отворена и опцијата дека можда и пролупавме. Во тој случај, блазе си ни.

22 мај 2018 - 12:15