Тито & Киро гоус ту Холивуд

- Друже Киро, да ми правиш друштво во Холивуд, да не бидам сам со Јованка и нејзината пунџа? - Да ти правам, друже Тито, што да не ти правам. Легендарното парче "Филмске новости" (инфо пропаганда емитувана пред кино проекција која ни беше сосема доволна доза вести) на која се редат славни ликови: Едвард Робинсон, Јосип Броз, Рок Хадсон, Глен Форд, Киро Глигоров, Ширли Меклејн...

Добро што Тито и Киро не се денес на власт, ќе мораа на социјалните мрежи да читаат: "Со чии пари се прчевте во светот, арамии, додека народот гладува..." Вака, ем ги памтиме по добро (добро де, углавном добро) ем живот истераа.

17 август 2013 - 10:09