Приоритетен виц на денот

После комплицирана операција на повреди од сообраќајна несреќа, докторот му соопштува на пациентот дека морале да му го ампутираат пенисот.
- Но, имам и добра вест околу тоа, рекол докторот.

Проверивме и видовме дека сте осигуран и дека за вакви случаи, ви следува отштета од 3.000 евра. А за тие пари ние можеме да ви вградиме каков пенис сакате.

- Па, добро, ставете некаков, рекол збунетиот пациент.

- Е, не може баш така. Ако ставиме преголем, може вашата жена да се повреди. Ако ставиме премал, може ќе се навреди. Најдобро е сега вие да одите дома, да поразговарате со неа и потоа дојдете и кажете што сте одлучиле.

Една недела подоцна, доаѓа тој со жена му.

- Докторе, ние разговаравме и жена ми пресече.

- Добро, што решивте?

- Ќе менуваме плочки во купатило.

6 октомври 2012 - 17:10