Божемски виц на денот

Седат баба и дедо и гледаат ТВ. Дедото ѝ вели на бабата:
- Сакаш да си играме како во старите добри времиња. Јас да те чекам кај стариот даб и ти да дојдеш и како божем да водиме љубов?

Бабата се согласила.

Дедото чекал, чекал и видел, не доаѓа бабата. Оди дома и ја прашува:

- Зошто не дојде?

А бабата вели:

- Па божем мама не ме пушта.

10 ноември 2012 - 10:36