Виетнамци го пробија Face ID на Ајфон со маска

Она за што Ајфон тврдеше дека е несоборлив бедем на лична безбедност, падна на гумена маска. Запрашани, како вам ви успеа, а слични обиди, како на Вајард, не успеаа, одговорот на Виетнамците е „па сепак ние сме водечка компанија за компјутерска безбедност.“

Продажбата на Ајфон Икс започна на 3-ти ноември, и инстантно значеше почеток на трката кој прв ќе го хакне Фејс ИД безбедносниот систем на телефонот. Најголемиот дел од обидите не успеаа. Наспроти сите неуспеси е виетнамската компанија за компјутерска безбедност Бкав која објави дека успеале да ја пробијат Фејс ИД заштита со 3Д печатена пластика, силикон, шминка и малку хартија.

Вајард објаснува дека по видео презентацијата на Бкав, се очекува дека тие и јавно да ја повторат демонстрацијата и истата да биде потврдена од останатите безбедносни експерти.

Станува збор за прилично скап хак, ако се има предвид дека изработката на маската ги чинела околу 150 долари. По истата линија, заради цената и компликуваниот начин на изработка кој бара пристап до нечие лице за негово копирање ова за сега не би требало да ги вади од памет корисниците на Иксот.

Од Бкав објаснуваат дека за ова да успее потребно е дигитално скенирање на лицето на сопственикот на телефонот, кое трае околу 5 минути.

„Потенцијални жртви нема да бидат обични корисници, туку милијардери, лидери на големи корпорации и држави,“ пишуваат истражувачите на Бкав.

Претходно во сличен експеримент, кој ги чинеше илјадници долари, и со помош на експерти за специјални ефекти, Вајард изработи неколку маски од пет различни материјали обидувајќи се да создаде маска од еден од своите вработени, за да го пробие Фејс ИД. Целиот експеримент им беше неуспешен.

За разлика од нив Бкав воопшто не прават маска од целото лице, туку ги копираат само носот, устата и очите, а остатокот од лицето е бело со 3Д контури.

 

14 ноември 2017 - 11:52