Колку мобилниот те цинкари кај твојот телеком

Политичарот од Зелената партија Малте Шпиц успева (преку суд) да ги извлече сите податоци што Дојче телеком ги има собрано за него. Истите им ги предава на Цајт-онлајн, кои врз основа на нив прават комплетен отпечаток од животот и движењето на политичарот во период од 6 месеци.

Податоците што ДТ ги собира за Шпиц (а и за секој друг претплатник) не вклучуваат никакви аудио снимки, телефонски броеви или сродни содржини. Тие се сведени на најосновни "сметководствени" податоци како број на повици (до него и од него), времетраење на повиците (на дневно ниво), број на пораки, и колку време бил закачен на интернет. Дополнителна димензија на податоците од ДТ е и локација на претплатникот, која ја одредуваат врз основа на антените на кои мобилниот се закачува за сигнал.

Цајт-онлајн овие податоци ги комбинира со јавно достапни податоци околу политичарот, како инфо од неговата Твитер сметка, објавување на блог или други веб-страни.

Добиениот резултат од составувањето на сите овие податоци е веројатно најлесниот систем за следење луѓе за кои не е потребна никаква дополнителна опрема или оперативци.

Цајт-онлајн бројките ги претвора во морничава презентација околу текот на животот на Шпиц во овие шест месеци. Како изгледа тоа, имате тука.

22 ноември 2016 - 11:11