Батерија која се храни од CO2

Јаглерод диоксидот веројатно е една од најомразните молекули меѓу луѓето. Ни го труе водухот, ни ја загрева климата, ни ги прави дождовите кисели... Нуачници веруваат дека молекулата може да биде ребрендирана.

Екипа од МИТ нашла начин како опасниот и штетен отпаден елемент каков што е јаглерод диоксидот да се претвори во нешто корисно, како дел од батерии.

Нивниот пристап е сосема поинаков од досегашните обиди да се справиме со оваа белја: да создаваме помалку енергија, поинаку да доаѓаме до неа или пак да се најде начин како јаглеродниот диоксид да се зароби пред да отиде во атмосферата. Последново звучеше многу надежно и на таа идеја се потроши многу пари и енергија (sic!), но никако да се најде начин тоа да биде економски исплатливо. Процесите на врзување и одврзување на CO2 со амино раствори коштаат бааги и ја качуваат производната цена за околу 30%.

Но, една цака од таа технологија е употребена и во овој новитет на луѓето од МИТ. Батеријата е направена од катода која создава електрони, анода која ги прима и електролит, супстанцата која го спроведува електрицитетот меѓу тие две. Истражувачи и претходно доаѓале до идеја да го користат јалегрод диоксидот како елемент во електролитот но секогаш доаѓале до истиоот ќорсокак: CO2 е доста инертен и му треба јака волтажа да почне да се однесува како спроводник. Имаат ставано и метални катализатори за да го направат пореактивен но тие метали се скапи а и реакциите не се лесни за контролирање. Тука екипава решила да позајми дел од технологијата која се користи во проектите за заробување на CO2 и да го раствора гасот во амино раствори претворајќи го во течност (детали има тука).

Во теорија, системот би можело да се инсталира во големи електрични централи и континуирано да го користи јаглеродниот диоксид кој во друг случај би завршувал во атмосферата.

Идејата е возбудлива но рано е за славење и има доста проблеми за решавање. На пример, во моментов системот им држи само околу 10 празнења и полнења, за разлика од повеќето литиум-јонски батерии кои траат преку 500 циклуси.

18 јули 2019 - 13:51