Ал Гор: Технологијата за заробување на CO2 е глупост

Иницијаторот на последниот бран климатски активизам е оптимист дека човештвото ќе успее да ги достигне амбициозните планови за запирање на климатските промени но истовремено е скептичен кон технологијата која многумина ја сметаат за клучна во остварување на тие цели.

„Немој да ми кажеш дека веруваш во онаа глупост со CCS (акроним за: Carbon, Capture and Storage)? Па тоа е бајка!“ му рекол Ал Гор на новинар на Аксиос на маргините на глобалниот климатски самит во Катовице. 

Со тоа Ал Гор отвори нов фронт со дузина научници, технолози и индустријалци кои веруваат дека токму оваа технологија е клучна за постигнување на глобалната цел на запирање на затоплувањето на планетава на максимум 1,5 целзиусови степени над прединдустриското ниво.

Гор едноставно не верува дека можеме да останеме на фосилни горива а да ги намалиме штетните емисии од нив. Признава дека во моментов не постои едно ефикасно алтернативно решение кое би можело да се скалира на глобални размери но верува дека во секој момент е можно да се случи некаков пресврт. А вели дека и сега многу стандардни капацитети затвораат пред истекот на нивниот рок бидејќи некогаш им е поевтино да прејдат на обновливи извори на енергија.

Контроверзната технологија се темели на идејата јаглерод диоксидот да биде извлечен од фосилното гориво пред да дојде до согорување. Да биде заробен (а потоа и складиран) откако јагленот, нафтата или гасот ќе се загрее со чист кислорот, што резултира со микс од јаглерод моноксид и хидроген.

Во последниот извештај на непрофитниот CCS институт се наведува дека во моментов функционираат 18 големи локации за заробување на CO2, пет се во изградба а а уште 20 во различни фази на реализација. Во САД и други земји тие капацитети добиваат државни субвенции.

13 декември 2018 - 22:08