Зошто либералите толку се палат на војни?

Долгогодишната хистерија околу Русија, грижливо потпалувана од американските меинстрим медиуми и од НАТО пропагандата, ги втурна Американците во милитантно расположение, правејќи ги спремни „да се борат и да загинат“ за прекуоекански земји за кои до вчера немаа ни слушнато.

Толкувајќи ги наодите на една неодамнешна студија на Чикашкиот институт за глобални прашања во која се детектираат промените на американското јавно мислење околу интервенционизмот, уредникот на угледниот и независен американски Интерсепт, Макс Блументал, вели дека таа промена е резултат на оркестрираната кампања на меинстрим медиумите и безбедносните служби кои имаат неприкосновено влијае врз медиумите - особено врз CNN и MSNBC - кои јавното мислење го построија според желбите на елитите 

„Две години но-стоп плашење со комунисти, хистерија за  Русија и с'скање за Северна Кореја го направија своето, особено меѓу демократите“, вели тој.

РТ: Зборувајќи зџа меинстрим медиумите, зошто либералите поддржуваат интервенционистички политики повеќе дури и од републиканците? Нели е тоа необично?

Макс Блументал: Да, необично е. Но, прво да зборуваме за бројки. Од 2015 до последново лето гледаме пораст од 20% меѓу оние кои поддржуваат испраќање војници за одбрана на Јужна Кореја. Исто така, за првпат во историјата, мнозинството Американци се подготвени за испраќање војници да се борат и да загинат за Латвија против Русија.

Либералите непропорционално ги поддржуваат овие милитантни политики кои сугерираат започнување војна со Русија, па и со Кина. Ќе беше катастрофално ако почнавме со тоа. Зошто не се почна? Заради партиската војна против Трамп, кој се портретира како непријател на НАТО, како некој кој е човек на Русија кој е контролиран од некаков девет димензионален шах на Путин. Демократите сакаат да ја гледаат Русија во негативно светло и затоа се за воени интервенции. 

Ова е комплетен пресврт од ерата на Буш, кога Демократите беа цврсто против војната во Ирак, бидејќи тоа беше војна на Буш. А сега гледате луѓе кои се против оружје, кои се против масовни убиства а истовремено навиваат за оружје и масовни убиства надвор од земјава. 

РТ: Како гледате на решеноста на американскиот народ за бранење на источните европски земји како Литванија и Латвија, кои се членки на НАТО?

Блументал: Во 2014 година, американската државна секретарка Викторија Нуланд, сопруга на нео-конзервативецот Роберт Кејган, изјави дека Американците се подготвени да се борат и да загинат за Латвија. Тоа тогаш не беше вистина. Ама денеска е. Таквите расположенија се произведуваат.

Делумно се произведуваат и од НАТО пропагандата. Слушавме многу за воените вежби, на пример дека Русија ќе постави 100.000 војници на границата со Романија. Дури и „Демократија сега!“ пишуваше за тоа. Испадна дека првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, упорно буткаше лага - дека 100.000 Руси доаѓаат на граница. Испадна дека се помалку од 10.000, за регуларна воена вежба. Ама тоа беше потребно за заплашување на државите. Пример за недвосмислена  експлозивна про-воена пропаганда. И гледаме како таа полека ги моделираше мислењата и ставовите.