Зошто Америка е банана држава?

Прво, на сите мама-си-тракале читатели веќе им е јасно дека една ваква вест мора да е спин и ништо друго. Еве потврдуваме. Но, клучното прашање останува секогаш исто: Ви се чита?

1. Пораст на економската нееднаквост и намалување на средната класа

Како и во секоја друга банана - држава, разликите во приходите се драматични. Ултра богато малцинство, мала или непостоечка средна класа (исклучително битна во демократијата заради амортизирање на радикалните идеи од двата политички пола), сиромашно мнозинство и непостоење механизми за напредување и нагорна социјална мобилност. А концентрацијата продолжува. Уделот на приходот на богатите 1 процент во вкупниот приход отишол повеќе од двојно од 1976-та до 2012 (од 9% на 20%).

2. Растечка полициска држава

Американската полиција се милитиризира, особено видливо при брутални апсења поврзани со наркотици, кои личат на воени акции во Ирак. Притоа неретко се убиваат недолжни цивили. По 11-ти септември, американската влада заграбува моќ која дотогаш не ја користела. Војна со дрогата, Патриотскиот акт, Актот за авторизација за Национална одбрана, прислушување без налог.... САД користи тактики вообичаени за диктаторски режими.

3. Тортура

За време на Студената војна, САД подржување фашистички режими и банана држави но не ги дели нивните методи. Тоа се смени по 11-ти септември и третманот на заробениците осомничени за тероризам. Мачењето со водени третмани нема врска со превенција на тероризмот туку со кршење на Женевските правила. Како што заклучи и Амнести: "По 11-ти септември, американската влада во серија крши и меѓународни и домашни забрани за тортура и сурово однесување, нечовечки и деградирачки третмани во името на борба против тероризмот".

4. Највисока стапка на затвореници во светот

САД имаат 716 затвореници на 100.000 луѓе. Нејзината соседна Канада само 114, 79 има во Германија, 106 во Италија. Дури и озлогласената Саудиска Арабија има речиси 7 пати помалку затвореници пер капита од САД - 162 на 100.000 луѓе. Затворскиот комплекс станува озбилен бизнис со влијателно лоби кое ги оддржува драконските казни.

5. Коруптивна алијанса меѓу крупниот бизнис и владата

Пoстојат проценки дека САД моментално го живее моделот на Мусолини: споеност на државната и корпорациската моќ. Финансискиот крах од 2008-ма не ги поправи работите туку само ги влоши. Банките се преголеми за да паднат и практично работат над законите.

6. Висока невработеност

Според надлежното биро, невработеноста во јули годинава изнесувала 7,4 проценти. Но, бројкава заведува бидејќи во неа нема милиони Американци кои дигнале раце да бараат работа. Или се толку дого невработени што бирото веќе не ги смета како работна сила. Shadow Statistics проценува дека вистинската невработеност во САД е 23,3 проценти, незначително помалку од рекордната ситуација цо 1923-та година.

7. Неадекватен пристап кон здравствената заштита

САД се единствената развиена земја во светот која нема универзална здравствена заштита. По крахот од септември 2008-ма, бројот на оние што не се здравствено осигурувани се зголеми. 55 милиони Американци во некој дел од 2012-та немале осигурување. Во таа бројка не се оние кои би банкротирале доколку им се случи сериозен здравствен проблем. Обамакер е чекор напред во таа насока но не е доволен бидејќи барем 20 милиони луѓе остануваат вон системот.

8. Драматични разлики во животниот век

Во многу банана држави, сиромаштијата умира многу помлада од богатите. Разликите во очекувањата за животниот век драматично ја илустрираат суровоста на поделбата на сиромашни/богати. Во сиромашни окрузи на Западна Вирџинија, очекуваниот животен век на мажите е 63, 9 години. Во Бангладеш е 68, 2 години а во сриомашната Боливија 64,3 години. Во добростоечките делови на САД, мажите можат да очекуваат да поживеат преку 81 година.И за Американките нема добри вести. Во 1985-та година биле на 14-то место во светот по очекуваниот животен век, а по најновите податоци се дури на 41-то место.

9. Глад и недоволна исхранетост

Американци кои толку осиромашиле што се квалификувани за бонови за храна: 17 милиони во 2.000-та, 47 милиони во 2013-та. Пред 40 години на бонови бил еден на 50 Американци. Денес, секој седми. Share Our Strength, проценува дека 48.8 милиони луѓе не се сигурни дека ќе успеат да се прехранат.

10 Висока смртност на бебиња

Според најновите податоци од организацијата Save the Children, САД имаат најголема смртност на првиот ден од раѓањето меѓу сите индустријализирани земји. ЕУ има преполовена рата во однос на американската која е споредлива со оние во Египет, Тунис, Шри Ланка или Либија. Фактички, бебе родено во Мексико или Ел Салвадор има повеќе шанси да го преживее вториот ден од својот живот отколку бебе родено во САД.

извор: Alternet via Salon