Вестите за "Панама документите" во Русија

Владимир Путин, иако директно никаде не спомнат во кој било од објавените документи, беше најмоќниот лидер кој се појави во неделното објавување на Панама документите. Беа спомнати имињата на неколку најблиски пријатели и соработници на рускиот претседател кои наводно переле пари во негово име.

Во Русија, покривањето на веста се движи малку поинаку и генерално е поделено по политички линии, па таа најмногу и најопширно беше пренесувана од независните либерални медиуми.

Првично руските телевизии комплетно ги прескокнуваат Панама документите и известуваа за резултатите од допинг скандалот во Лондон. Државните Росиа 1 и Прв канал, и приватните РЕН-ТВ и НТВ, воопшто не ги спомнуваат документите за време на утринскиот дневник на 4-ти април. Вестите беа почнати со информација за пожар во Томск, кризата во Сирија и мигрантската криза во ЕУ. По ова следува покривањето на извештајот на Сандеј Тајмс од 3-ти април за британски доктор кој им давал допинг на 150 британски и странски спортисти.

Веста единствено е спомната на сајтот на Вести ТВ, меѓутоа само околу поврзаноста на Меси и Платини во документите. Следен пат, Вести ТВ пак ја споменуваат веста откако Кремљ реагира во врска со неа.

Коментарот на портпаролот на Путин, Дмитри Песков е дека сето ова дел од "Путинофобијата" тврдејќи дека вработените во ИЦИЈ се "поранешни вработени на Стејт Департманот, ЦИА и останати специјални служби."

По пресот на Песков, медимите што до тогаш ја игнорираат сторијата почнуваат со нејзино обработување. Додека про-владините ја осудуваат "Путинофобијата", и повеќе се концентрираат на информацијата дека татко му на Камерон е спомнат во документите, опозиционите медиуми ги пренесуваат резултатите од истрагата на ИЦИЈ, посебно концентрирајќи се на делот околу Путин и неговите соработници.

6 април 2016 - 10:12