Туркменистан уште гради

Во 2006-та почина претседателот на Туркменистан и невиден мегаломан во слободно време, Сапармурат Нијазов. Него го наследи Гурбангули Бердимухамедов, мегаломан од слични размери. Во земјата сè е како Сапармурат никогаш да не умрел.

Бердимухамедов ги има речиси сите карактеристики на својот претходник и една главните преокупации му е да руши светски рекорди. Земјата го има најголемиот домашно изработен килим, најголемото панорамско тркало во светот и највисокиот столб за знаме.

Тој има намера да "го направи Ашхабат најубавиот град на светот." Во 2011-та ја отвори "Палатата на среќата" наменета за свадби. Палатата има површина од 60.000 метри квадратни, висока е 80 метри и е прекриена со бел мермер и розов гранит.

Претседателот веќе има ангажирано една француска компанија која треба да ја изгради претседателската плата во земјата, со површина од 70.000 метри квадратни. Палатата ќе биде прекриена со мермер и ќе има пет златни куполи.

Палатата на среќата

За својот 50-те роденден тој се самопрогласи за Arkadag (Патрон), што е највисоката титула во Туркменистан. А на роденденот носеше дијамантско ланче кое тежеше речиси еден килограм.

Веројатно во избори налик последната сцена од "Диктаторот," Бердимухамедов во февруари беше ре-избран со 97,14% од гласовите.

20 август 2012 - 18:46