Тереза Меј без покривање во Ријад

Британската премиерка е во посета на Саудиска Арабија која е уште една држава со која ќе мора од ново да преговара трговските договори и придружни ставки што ќе им затребаат по излегувањето од ЕУ. Иако битна средба, премиерката решава дека нема да тера туѓи мераци.

Задолжителното носење и прикривање со марама што важи на територијата на Саудиска Арабија обично по сопствена желба беше почитувано и од Западните политичарки што го посетуваа кралството.

Меј одлучи дека нема да ја прати ваквата традиција и покрај тоа што имаше средба со еден од саудиските принцови. Премиерката изјавила дека сака да биде пример за жените во Саудиска Арабија:

"Се надевам дека луѓето ќе ме видат како жена лидер, и ќе видат што жените можат да постигнат и како жените можат да бидат на важни позиции."

Состанокот на Меј со принцот Мухамед бил за спроведување "длабоки реформи што ќе ја револуционизира саудиската економија со помош на Британија".

Инаку Британија е и еден од најголемите снабдувачи на Саудиска Арабија со оружје, за нејзината воена интервенција во Јемен. До сега во 2-годишниот конфликт во Јемен Саудијците имаат убиено над 7.600 луѓе, а рането над 42.000 претежно во воздушни напади.

Во неодамна објавената листа на земји во кои Британија извезувала опрема за следење и прислушување, за Саудиска Арабија се дадени 4 лиценци.

6 април 2017 - 14:56