Северна Кореја се наполни пари од хакирање по свет

Хакирањето странски финансиски институции и компании е претворено во доходовна гранка за севернокорејскиот буџет, поточно за неговата воена програма, покажуваат тајни документи на О.Н. што ги објавува Ројтерс.

Северна Кореја има генерирано околу 2 милијарди долари за својата програма за оружје за масовно уништување користејќи „распространети и се пософистицирани“ сајбер-напади за крадење од банки и берзи за криптовалути.

Освен пљачкосување, Севернокорејците го користат сајбер-просторот и за перење на своите пари.

Моментално се истражуваат околу 35 пријавени случаи на напади од Северна Кореја врз финансиски институции, крипто-берзи и масовни операции за копање на крипто-валути, и сето ова на територијата на 17 држави.

Пјонгјанг продолжува на унапредување на своите нуклеарни и ракетни програми и покрај тоа што не спроведува нуклеарни тестови или лансирање на интерконтинентални ракети, се наведува во извештајот на О.Н. за однесувањето на земјата во изминатите 6 месеци.

8 август 2019 - 11:06