САД и Кина се бркаат во матното на Бахамите

Америка: Дај и други нека почнат да даваат пари и да помагаат по свет. Исто така Америка: Па мора ли баш Кина?

Како што ураганот Дориан ги срамни Бахамите, така почнаа да се прават пресметките за тоа колку помош ќе треба за да малку од малку работите да се вратат во нормала.

Заради локацијата, Бахамите спаѓаат во американска сфера на интерес, и е многу веројатно дека САД ќе треба да покријат голем дел од трошоците за нормализирање на островот.

Но, затоа што „поклон не се враќа“ во целата работа е многу веројатно да се вмеша и Кина, која ќе бара дупка оставена од помошта на САД за да влезе со свои пари, кои потоа во форма на влијание низ нос ќе им го извади на тамошните власти.

Американските власти веќе активно им помагаат на бахамските власти како поуспешно и побрзо да се снајдат низ бирократијата и да извадат што е можно повеќе помош од САД. Иако за сега е премногу рано и премногу хаос на терен за да се има некаков преглед како кинеската помош ќе влијае врз островот, стравот на Американците е дека тоа некако ќе удри на нивната национална безбедност.

Инаку, Бахамите застанаа на страната на САД кога беше гужвата околу менувањето на Мадуро, и дадода поддршка за опозицијата, за што премиерот на државата беше повикан на средба во САД.

5 септември 2019 - 17:44