Производителите на оружје ќе бидат тужени за масакрот во Сенди Хук

Во овој случај на отстрел е Ремингтон, најстариот производител на оружје во САД, а компанијата падна на маркетингот.

Во незабележано редок пораз на американската индустрија за оружје, највисокиот суд на Конектикат одлучи дека семејствата на децата загинати во масакрот во Сенди Хук ќе можат да го тужат Ремингтон, компанијата која го произведе оружјето што уби 20 првачиња и 6 возрасни.

Врховниот суд на сојузната држава им дозволи на семејствата да го изнесат пред суд обвинението дека маркетингот на Ремингтон ги возвишил „милитаристичките и јуришни квалитети“ на Бушмастер XM15-E2S полу-автоматската пушка употребена во масакрот во 2012, наместо едноставно да ја промовира за лов и рекреација.

Случајот ќе беше порано разрешен меѓутоа се направи малку подолга пауза откако Ремингтон објави банкрот пред една година. Па откако проблемите се решија, случајот продолжи.

Сега се очекува поднесување на тужбата против производителот на оружје.

15 март 2019 - 16:52