Пекинг ништо нема да направи со укинување на јагленот

Кинеската престолнина и официјално ќе преземе нешто околу проблемот со загадувањето и до 2020-та сосема ќе го забрани користењето на јаглен, за сметка на струјата и природниот гас. Замената не е ништо подобра.

Јагленот покрива околу 25% од енергетската потрошувачка на Пекинг. Меѓутоа во исто време тој сериозно придонесува во создавањето смог, од што само во Пекинг, Шангај и Хангжу, годишно умираат околу 250.000 луѓе.

Проблемот во планот на Кинезите е што јагленот сакаат да го заменат со синтетички природен гас (сингас), кој се добива од јаглен и кој не е ништо подобар за околината.

Овој вид на гас создава само дел штетните соединенија кои сега ги испуштаат фабриките што работат на јаглен. Меѓутоа тој емитува 82% повеќе јаглерод диоксид и троши огромни количини вода.

Овие бројки треба да се имаат предвид при престојаната рокада на двете горива, кога се очекува производството на сингас да порасне од (макс. предвидените) 18 милијарди кубни метри во 2015-та, на околу 60 милијарди кубни метри во 2020-та (на ниво на цела Кина).

Освен загадувањето, изборот на нов гас е сериозна грижа и за постојната криза со вода во Кина. Производствово на сингас троши 6 до 10 литри вода за 1 метар кубен, а фабриките за него претежно се наоѓаат во Ксинџијанг и Внатрешна Монголија, кои се и двата најсушни региони во земјата.

6 август 2014 - 10:52